Почитуван претседател на Републиката, Ваша екселенција Дејвид Гир, шеф на Мисијата на ЕУ, г-дин Бојан Маричиќ потпретседател на Владата и министер за евроинтеграции, Ваши екселенции амбасадори акредитирани во Северна Македонија, амбасадори на Совет на Амбасадори, професори, почитувани присутни, почитувани медиуми, дами и господа.
Почитувани присутни,
Уште на почетокот за жал мора да ја изнесем мојата импресија дека геогравското име Западен Балкан како и придавката балканизација кај обичните европјани на Стара Европа асоцираат на нешто неубаво, на заостанатост, присуство на криминал, поделби и конфликти. Оттука и јавното мнение на граѓаните на многу земји членки на Унијата последниве години не е во прилог на проширувањето на Унијата со земјите на Западен Балкан-синтагма која неслучајно се употребува во вокалуларот не ЕУ.