За нас
Здружението „Совет на Амбасадори” со седиште во Скопје е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на дипломатите кое ќе помага преку советодавни и други форми на дејствување во креирање и остварување на политики во областа на надворешната и меѓународната политика, како и EУ И НАТО интеграциите на Република Северна Македоnija.
Здружението дејствува на територијата на Република Северна Македонија. Здружението дејствува на национално ниво и може да соработува со организации, здруженија, фондации и институции, и да членува во асоцијации во земјата и странство согласно Уставот и законите на Република Северна Македонија и овој Статут.
Здружението своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува во согласност со односите утврдени со Уставот и законите на Република Северна Македонија и со овој Статут.
Граѓаните се здружени во Здружението заради остварување на поширок заеднички интерес.
Мисијата на здружението е да помогне во изградба на оддржлива надворешна политика на Република Северна Македонија во билатерален, регионален и меѓународен контекст.
Основни цели и задачи на Здружението се:
✔ формулирање на соодветни начелно аргументирани политички ставови за разни политички збиднувања во регионот и пошироко преку информирана дебата, независна анализа и нови идеи за политиката;
✔ организирање на тркалезни маси за актуелни политички теми кои се битни за односите во регионот и светот, и посебно за нашата земја.
✔ организирање на јавни дебати во земјата за актуелни политички, економски и безбедносни теми со предлог на насоки за дејствување и др.
✔ Здружението работи врз основа на план и програма за работа.
✔ Своите цели и задачи здружението ги остварува преку утврдена Програма за работа, односно преку следниве активности:
✔ организирање на конкретни програмски активности;
✔ спроведување на заеднички проекти;
✔ организирање на конференции, семинари, обуки и друг вид на активности;
✔ поттикнување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на Здружението;
✔ медијација;
✔ врши и други работи предвидени со овој Статут.
Член на Здружението може да биде секој дипломат кој најмалку еднаш бил акредитиран АМБАСАДОР и не е на активна дипломатска служба.
Зачленување во Здружението е со давање на писмена изјава.
Странски државјани амбасадори акредитирани во Република Северна Македонија, како и почесните конзули на странски држави акредитирани во Република Северна Македонија може да бидат поканети на тематски седници на Здружението.
Советот на Амбасадори може да прогласи почесни членови на здружението.
Амбасадорите на културата може да бидат поканети на тематски седници на Здружението.
Досегашните министри за надворешни работи од осамостојувањето на Република Северна Македонија до денес исто така може да бидат членови на Советот.