Креирање и успешното имплементирање на надворешната регионална и меѓународна билатерална и мултилатерална политика, ЕУ и НАТО интеграциите

Избор на Нано Ружин за член на CAFRAD

Проф.д-р. Нано Ружин, Profesor Emeritus на Универзитетот на ООН и на Американскиот Универзитет во Европа-ФОН, Скопје е избран за член на Меѓународниот консултативен Комитет на Меѓувладината Панафриканска Организација – CAFRAD, конституирана во 1964г. Во овој миг во организацијата членуваат 38 држави. Нејзина основна цел е обука на високи функционери од доменот на јавната администрација. Членови на Меѓународниот консултативен комитет се Американскиот економист Edvard NEEL(САД), Federiko Mayor поранешен Директор на УНЕСКО, Нобеловецот Werner АRBER(Швајцарија), поранешниот претседател на Сиера Леоне, Ernest Bai, Поранешниот потпретсеадел на владата на Шпанија Maria Teresa Fernandez De la Vega, Нобеловецот и поранешен претседател на Костарика Oscar Arias Sanchez, поранешниот Претседател на Нигериа Ibrahim Babangida, како и Проф.Karim Errouaki, поранешен советник на Генералниот Секретар на ООН Butros Butros Gali. Ова е огромно признание за македонскиот професор Ружин кого изгледа повеќе го ценат во странство отколку во Северна Македонија.

Африканскиот центар за административна обука и истражување за развој (CAFRAD) е пан-африканска меѓувладина организација, создадена во 1964 година од африканските влади, со поддршка на УНЕСКО, што го прави првиот панеафрикански центар за обука и истражување на континентот за подобрување на јавната администрација и системите за управување во Африка. Нејзиното седиште се наоѓа во Тангер (Мароко).. Мисијата на CAFRAD е да служи како центар на извонредност и поддршка за активностите на владите и сродните организации за градење капацитети, иновации во јавната администрација за подобрени услуги за граѓаните.

Консултативниот Комитет на CAFRAD е врховен орган, кој има моќ да обезбеди контрола, надзор и општа ориентација на центарот. Тој е составен од афирмирани интелектуалци и министри на земјите-членки. Комитетот се состанува на редовна седница еднаш годишно, а по потреба и на вонредна седница. Со него претседава министерскиот делегат кај Шефот на Владата задолжен за модернизација на администрацијата.

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy