Историјата е сериозна наука. Таа така се третира во Европа.Историјата не е тема на дискусија во медиуми, за неа се расправа во научните кабинети и се чува во библиотеките.
Живееме во многу турбулентни времиња за македонската надворешна политика. Од сите напори во последните децении на генерацииите македонски политичари, започнувајќи од процесот на стабилизација и асоцијација, до кандидатскиот статус на Република Макеоднија и исполнувањето на условите за преговори со ЕУ, денес се се сведува на билатерални односи , промили на национално малцинство заради кое треба да се отвора уставот, и историјата која претендира да стане првиот услов за добрососедство.
Историјата е сериозна наука. Таа така се третира во Европа.Историјата не е тема на дискусија во медиуми, за неа се расправа во научните кабинети и се чува во библиотеките. За историјата се зборува кога одбирате теми како исотрија на уметноста, историја на архитектурата или пак историја на Европската унија. Тоа е така, бидејќи можната дебата за вистинската истрорија може да предизвика несогледливи последици по меѓусебните односи и затоа е оставена на страна.
Но не и кај нас. Не во меѓу соседската комуникација. Тука историјата е намeтната како клучен предуслов во решавањето на проблемите. Тука се бара средновековната перцепција за нечија припадност да се имплементира во современото живеење во 21 век, како општо прифатен факт.
Истото се однесува и на историјата на 18 и 19 век, на периодот на национал романтизмот и преродбата, кога истата перцепција на припадноста треба да биде непобитен факт во современото живеење прифатен од сите.
Поновата историја за која постојат документи во архивите, фотографии, па дури и се уште живи сведоци, се менува, релативизира и разубавува и жртвите во неа сами стануваат сопствени џелати.
Во целиот тој историски соседски притисок, кој полека станува и европски ,како да се заборава дека современите европски општествени текови одат во насока на дефинирањето дека секој еден народ или поединец е она за што се чуствува.Чуството за припадност, културниот идентитет и јазикот, како дел од тој идентитет се клучни одредници за неговото опстојување.
Никој не може да ви ја наметне сопствената перцепција, дека вие сте, или сте биле нешто друго.
Историјата не смее да биде орудие на полтиката. Таа мора да биде независна, самостојна и објективна.Историјата не смее да биде услов за нашата иднина и нашиот европски напредок. Особено не смее да се дозволи соседите да се навраќаат на историјата секогаш , кога треба нешто да се опструира или да се стави пречка.
Политиката и историјата треба апсолутно да останат во своите сфери на делување и да не се злоупоребуваат. Само така историјата ќе остане академска и полезна за иднината.
( Излагање на Трибината „ Предизвиците на македонската надворешна
политика, 27 мај 2022 год.)