Љупчо Арсовски, Амбасадор
(Член на Извршниот одбор на Советот на амбасадори)
Тоа што предизвикува, што поттикнува на желба, стремеж да се направи, да се постигне нешто.
Во 1991 година дојде до растурање на СФРЈ, на 8 спетември прогласивме неазависност и веќе во во јануари 1992 Владата упати повик Македонски дипломати од тогашниот ССНР да се вратат Република Македонија со предизвикот да формиранме сопствена дипломатска мрежа на амбасади, конзулати , мисии и културни центри , учество во меѓународни организации и др.
Во надворешната политика во чии рамки основно е спроведувањето на основните принципи донесени во законодавниот дом во извршните органи на Владата мошне значајно е квалитетното преставување и промоција на својата земја.Притоа се користат разни методи и начини за нив јас би сакал да изнесам едно доста скратно размислување врзано за КУЛТУРНА ДИПЛОМАТИЈА.
Во светот во кој живееме постојано сме информирани или се среќаваме со достигнувања во сите сфери како резултат на секојдневната борба за напредок во секој поглед, Но, во тoa натпреварување државите пред се’ ја насочуваат севкупната енергија за напредок и благосостојба на својата заедница, но природно сакаат дел од напредокот во одредени области да ја прошират или наметнат и врз многу држави во светот. Во обидот за влијанија и освојување на нови простори често доаѓа до непријатни недоразбирања, поинакво толкување на историските настани, разни манифестации и покажување на желба за надмоќ па дури и до агресивни настапи и постапки кои водат дури до агресија и војна.
Познато е дека од векови наназад постоела комуникација на државите преку нивните постојани државни диполоматски претставници од различен дипломатски
ранг. Нивна задача генерално е да работат на промоцијата на зејмите кои ги акредитирале но често и да изнаоѓаат решение за некои проблеми и недоразбирања со цел да се спречи конфликт.Во такви моменти интензивно работи и воената дипломатија. Економската дипломатија е исто така крајно ангажирана затоа што во немирните региони очекувано престанува нормалната економска и финансиска комуникација што доведува до заострени односи. За вакви ситуации кои доведуват и до војна зборуваме за превласт и активност на таканаречената ,, тврда моќ,, или HARD POWER. Која е тогаш ,,меката моќ,, или SOFT POWER .Тоа е културната дипломатија која несомнено е една од современите дипломатски методи кои се применуваат во меѓународните односи на државите.
Промоцијата на културата и културните вредности датира од векови наназад, но, секако дека како составен дел на надворешната политика на секоја држава се препознава како културната дипломатија која можеме да ја лоцираме во последните два века. Низ бројни активности на дипломатиите оваа ,,мека моќ,, прераснува во мошне значајно средство во секојдневната комуникација на државите дотолку повеќе што културната дипломатија стаанува составен дел на надворешната политика на секоја држава.
Потпирајќи се на моќта на културата со сите нејзини атрибути, по правило секоја организирана држава настојува да ги развива своите односи со многу држави а особено да обезбеди соодветно место не само во меѓународната заедница туку и кај другите држави во регионот на кој припаѓа.Таа културна активност се препознава преку анализа на поимите: меѓународни културни односи, меѓународна културна соработка, меѓународни културни врски и сл. За тааа цел во државните аднинистрации низ години наназад се профилираат посебни органи или специјализирани институции кои се надлежни и одговорни за меѓународната културна соработка. Активностите , настапот , изборот на видови уметност кои треба да се промовираат се со соодветни карактеристики и цели на секоја држава поединечно.
Несомнено во периодот по Втората светска војна во научната литература која го истражува поимот културната дипломатија истражувачите се насочуваат кон одреден број елементи низ кои може да се согледа и разјасни карактерот и значењето на овој значаен сегмент на современата дипломатија. Согледувањето на тие основни вредности преку претставување и промоција на сопствениот идентитет вградени во уметноста, музиката, литературата и секако културното наследство, даваат огромен придонес кон светската уметност и наука, со можнност за соодветно користење на тие достигнувања преку кои се воспоставуват нови односи и можност за вмрежување со други меѓународни субјекти на билатерален и меѓународен план. Поаѓајќи од потреба за соодветно
канализирање на овој вид културен сообраќај државите членки на Обединетите нации се одлучиле како во Повелбата во 1945 така и во Универзалната декларација за човековите права, усвоена исто така од страна на ООН во 1948 год. да се вградат соодветни определби од културната сфера.
Подоцна во годините што следат попрецизни одредби врзано за културата се поместени и во гоем број документи кои се обврска или препорака за земјите -членки во УНЕСКО, и Советот на Европа и во Европската Унија, кои се однесуваат и за повеќе регионални организации кои пристапиле кон регулирање на сите значајни сегменти од културата, културното творештво и соработка. На овој начин без оглед што употребата на културата во дипломатски цели била на некаков начини и
порано присутна , факт е дека ова своевидно кодифицирње на културната дипломатија добива ново значење во современиот свет на меѓународни односи.
Но, што се случува вo нашата земја и дали е културната дипоматија беше, е или ќе биде препознаена како ,,мека моќ,, е прашање кое заслужува поголем простор за подетална анализа за изминативе три децении независна и самостојна држава. Некои институции кои беа познати во поранешна СФР Југославија во новата независна Република Македонија од 1991 па наваму беа оформени во помал обем и квалитет и поддржани со соодветен буџетска финасиска поддршка . Финансиската поддршка требаше со години да биде посилна и побогата како со содржини така и
со средства за да се добие на квалитет , реализација на добри проекти во поголем број земји и сл.. Со тек на време згаснаа Матицата на иселеници, згаснаа мошне значајни манифестации како ,,Гоцеви Денови,, , Комисијата за културни врски со странство , СИЗ за култура и др. Но, сепак на културната сцена се појавија голем број невладини организации кои настојуваа преку мноштво проекти да се пробијат како на домашната културна сцена но и во соработка со слични организации пред се’ од земјите од Балканскиот регион и ЕУ. Голем простор многу невладини организации видоа низ соработката со новотворените центри за култура на земји кои се познати во традиционално работење на културен план или низ форми познати во културната дипломатија. Така се отворија културни центри на САД, Франција, Русија, Германија,Поласка , Албанија Бугарија а во некои земји нашите амбасади работат со засилени одделнеија за култура. Сите тие понудија мноштво форми за сорабтка особено и со финасиска поддршка за невладините организации. Одредена поддршка НВО имаат и од институции кои поддржуваат разни културни активности.
Сите форми за квалиетен настап и промоцијаа на културните вредности покрак КИЦ-овите , факт е декаи невладините организации со промоцијата на нашето културното наследство, историјата и традицијата пред меѓународните заедници со право се вистински субјект иво културната
дипломатија.
Како најсвеж пример би сакал да го посочам отворањето на Културниот информативен центар во Тирана, Албанија и извонредите активности кои беа преземени од нејзиниот директор, уважениот музички автор и презентер, Златко Ориѓански ,кој го претстави Македонскиот Културен Центар во Тирана како вистински ,,отвореен културен дом,, . Мноштвото активности што се одвиваа во Центаротво изминатава година ипол како промоции, изложби, музички настапи , рецитали и секојдневни дружби со културниот и уметнички потенцијал на земјата домакин заедно со нивни
колеги од Македонија потврдија дека се работи за ,,мека моќ,, со голема културна сила.
(Трибина во Клубот на пратениците во соработка со Поранешен ПРМ Бранко Црвенковски и Совет
на амбасадори 27 мај 2022, „Предизвиците на македонската надворешна политика„)