Меѓународниот и внaтрешниот политички контекст во извештајниот период 2021-2022 во дејствувањето на советот на Амбасадори на Северна Македонија
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОВЕТ НА АМБАСАДОРИ ЗА
ПЕРИОД 2021- 2022 год.
МЕЃУНАРОДНИОТ И ВНATРЕШНИОТ ПОЛИТИЧКИ КОНТЕКСТ ВО ИЗВЕШТАЈНИОТ
ПЕРИОД 2021-2022 ВО ДЕЈСТВУВАЊЕТО НА СОВЕТОТ НА АМБАСАДОРИ НА
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Советот на Амбасадори со кој претседаваше амбасадорото Мохамед
Халили во периодот 2021-2022 оствари успешна делотворна и работна
година во афирмацијата, на Советот на внатрешен и меѓународен план.
Во оваа насока беа реализирани дваесет и една средба со врвни
политички функционери на државата како и голем број амабасадори на
релевантните евроопски и севтски сили.
На 27 јануари 2022 год. во Клубот на пратеници во Скопје под
покровителство на претседателот Стево Пендаровски и со учество и на
амбасадори од земјите членки на ЕУ се одржа конференција под наслов :
„Приклучување на Западен Балкан кон ЕУ: никогаш завршена сторија,
оддржливоста на македонската надворешна политика„.
На конференција освен претседателот Пендаровски како
панелистиучествуваа :
Амбасадорот на ЕУ во Скопје Дејвид Гир,
Амбасадорот на Франција во Македонија Сирил Могарнтер,
Амбасадорот на Италија Андреа Силвестри,
Амбасадорот на Словенија Милан Предан,
Амбасадорот на Холандија Дирк Јан Коп,
Заменик амбасадорот на САД Ерик Мајер
Од домашни претставници на дебата учествуваа и:
Бојан Маричиќ, потпретседател на Владата и министер за евроинтеграции,
Антонио Милошоски, претседател на собраниската комисија за
надворешни работи,
Амбасадорите на Советот на Амбасадори Ѓорѓи Филипов, Лупчо
Арсовски и Тихомир Илиевски.
На овој начин Советот на амбасадорите се наметна како значаен и
активен субјект во домашната и меѓународната јавност, со оригинални
предлози, ставови и мислења за најрелевантни пршања со кои се
соочуваше нашата дражава и меѓународната заедниц. Во оваа насока
беа објавени некоклу соопштениа за јавноста за ветото на Република
Бугарија против Македонија, поспешување на евроинтеграцијскиот процес
на Северна Македонија, поддршката на сувереноста и независноста на
Украина, осуада на руската агресија врз Украина и поддршката на
санкциите против Русија, за кои значително влијаеа и врз јавното мислење и
расположение во Северна Македонија.
Активноста на Советот на амбасадор се одвиваше во исклучително тешки
домашни и меѓународни услови, предизвикани најнапред од Пандемијата
на Ковид 19, дипломатската битка и преговарање со ЕУ и Бугарија околу
изнаоѓање компромис со Софија и добивање на датум за отпочнување на
преговорите со ЕУ, иницијативата на тројцата претседатели на влади и
држави ( Заев, Рама, Вучиќ) кои застанаа зад проектот „Отворен Балкан“
што како проект беше подржан и од страна на Советот на амбасадсори
на Северна Македонија.Советот даде придонес во однос на јакнењето на
регионалната стабилност и мир и иницира заеднички средби со Совети на
соседни држави.
На поширокиот меѓународен план, Советот на Амбасадсори со големо
внимание ја проследи инвазијата на Русија во Украина и ја осуди како
израз на кршење на меѓународното право и недопуслива форма на
агресија во 21-от век. Во оваа насока беше реализирана и средба со
украинската амбасада во нашата држава. Едновремено беа предложени
и следни дебати со францускиот амбасадор како и датуми за
одбележување на јубилејот на Советот.
Настојуавајки да ја афирмира својата надпартиска и надидеолошка
позиција, Советот на амбасадсори оставри средба и со шефот на
најголемата опозициона партија со цел за натамошна соработка.
Може слободно да се констатира дека Советот на амбасадори прерасна
во значаен актер на македонската невладина, советодавна и
интелектуална средина, со тенденција и натаму да ги шири своите редови
и членство.
Календар на активностите
На 6 мај 2021 средба во Европската Делегација со Давид Гир и Јулиан
Васало. Присутни : Мухамед Халили, Азис Положани и Александра НакеваРужин.
На 10 мај 2021 во Германската Амбасада во Скопје е реализирана
работна средба со амбасадорката Анке Холштајн. Присутни: Тихомир Илиевски,
Александра Накева-Ружин.
На 1 јуни 2021 на негова покана бев на ручек со амбасадорот на Франција
Бомгартер во неговата Резиденција
На 2 јуни 2021 средба со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ. Присутни:
Мухамед Халили и Љупчо Арсовски
На 3 јуни 2021 во Амбасадата на Италија имавме средба со италијанскиот
Амбасадор. Присутни: Александра Накева Ружин, Зоран Јолевски и
Мухамед Халили.
На 16 јуни 2021 во 12.30 часот во седиштето на ОБСЕ реализиравме средба
со Амбасадорот на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која. Присутни: Елеонора
Петрова и Мухамед Халили
На 16 јуни во 14.30 часот реализиравме средба со унгарскиот амбасадор
Dr ISTVAN DUX. LASZLO. Присутни: Зоран Јолевски и Мухамед Халили
На 1 и 2 јули 2021 на покана на организаторот Влада на РСМ учествував во
манифестацијата Форум на Преспа.
На 13 јули 2021 средба со амбасадорот на Грција. Присутни: Мухамед
Халили, Љупчо Арсовски и Азис Положани
На 30 јули 2021 средба со Амбасадорот на Шведска. Присутни:
Александра Накева-Ружин и Мухамед Халили
На 27 септември 2021 се одржа состанок на Извршниот Одбор во
просториите на Универзитетот Мајка Тереза во Скопје. Тема:
Организациони активности за конференцијата за евроинтеграции.
Одлучено е панелисти да бидат амбасадорите на ЕУ, САД, Германија,
Франција, Италија. Се дебатираше дали панелисти да бидат
претседателот и премиерот или само едниот од двајцата.
На 2 ноември 2021 во просториите на Универзитетот Мајка Тереза во Скопје
се одржа состанок на Извршниот Одбор на СА. Присутни беа: Мухамед
Халили, Љупчо Арсовски, Азиз Положани, Александра Накева Ружин,
Тихомир Илиевски и онлајн Ѓорѓи Филипов. Се одлучи да бараме средба
кај претседателот Пендаровски за да се договориме.
На 8 ноември 2021 год. делегација на СА имаше средба со претседателот
Пендаровски кој не брифираше за односите со Бугарија. Претседателот
се сложи да биде покровител на конференцијата за евроинтеграции. За
датумот на конференцијата ќе се информираме дополнително. Присутни:
Љупчо Арсовски, Александра Накева-Ружин, Тихомир Илиевски, Мухамед
Халили.
На 12 декември 2021 год. делегација на СА во состав, Мухамед Халили,
Љупчо Арсовски, Тихомир Илиевски се сретна со поранешниот
претседател Бранко Црвенковски. Се разменија мислења за македонскобугарските односи и евроинтеграциите.Се договоривме да организираме
заеднички настани во иднината.
На 20 декември 2021 со почеток во 11.00 часот делегација во состав
Мухамед Халили, Елеонора Петрова и Александра Накева-Ружин имаше
работна средба со холандскиот амбасадор Dirk Jan Kop. Разговарано е за
евроинтеграцијските процеси и учеството на дебата.Амбасадорот со
задоволство прифати.
На 21 декември 2021 во 12.00 часот Мухамед Халили и Александра НакеваРужин се сретна со полскиот Амбасадор во амбасадата на Полска.
На 11 јануари 2021 во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ со почеток во 13.00 часот
делегација на СА во состав Мухамед Халили, Александра Накева-Ружин и
Нано Ружин имаа работен состанок со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ
Христијан Мицковски и членот на Извршниот Комитет Антонио Милошоски.
На 26 јануари со почеток во 10.00 часот имав средба со трускиот
амбасадор во Македонија. Разговаравме за соработката на релација
труска амбасада –Совет на Амбасадори.
На 27 јануари 2022 во клубот на пратеници во соработка со кабинетот на
претседателот Пендаровски и присуство на резидентни амбасадори во
Сопје одржана беше конференцијата на тема евроинтеграциите на
Западен Балкан.
Во месец март се реалзирани 3 онлајн состаноци на Извршниот одбор на
кои е одлучено да:
-заедно со Кабинетот на претседателот Црвенковски од 1-15 мај
организираме регионална конференција за евроинтеграции;
-Заедно со Кабинетот на претседателот Пендаровски организираме
конференција на тема ЕЕА, ЕУ и Опен Балкан. КОнференцијата ќе се
одржи 0д 1-15 септември.
Со францускиот амбасадор Бомгартнер се договорив втората половина
на јуни 2022 год. во Амбасадата на Франција да одржиме заедничка
дебата за евроинтеграции.
Во месец март 2022 год. делегација на Совет на Амбасадори Мухамед
Халили., Нано Ружин имаше средба со амбасадорката на Украина во
Скопје.
Во март во Амбасадата на Чешка делегација на СА во состав Љупчо
Арсовски, Елеонора Петрова и Мухамед Халили се сретна со амбасадорот на
Чешка во Скопје