Креирање и успешното имплементирање на надворешната регионална и меѓународна билатерална и мултилатерална политика, ЕУ и НАТО интеграциите

Мухамед Халили ( Воведно излагање на Трибината „Предизвиците на македонската надворешна политика„) 

Почитуван господин Претседателе,

Почитувани амбасадори, почесни конзули, професори, новинари, аналитичари, интелектуалци, дами и господа Дозволете ми да ја отворам втората од низа трибини кои здружението за надворешна и меѓународна политика Совет на Амбасадори ќе ги организира во иднина на тема „Предизвиците на македонската надворешна политика„ и слични други надворешни теми кои ќе бидат актуелни и во интерес на нашата јавност. Нашата идеја и заложба е Трибината во иднина да прерасне во регионален дебатен клуб за прашања од регионална и европска политичка, економска, културна и одбранбена соработка.


Ова дебата ја организираме во времето кога на светската и европската цивилизација после многу илјади години и се заканува целосно уништување од употребата страшниот нуклеарен арсенал на една окупаторска земја како што е Русија диригирана од нејзиниот диктатор Путин затоа што не може воено да го покори еден миролубив народ како што е украинскиот.
Во овие тешки времиња дел од светот и Европа се соочува со големи предизвици: како да се искорени сегашното светско злото наречено руска агресија врз Украина која сака да го искористи нејзиното право на избор на која регионална организација да и се приклучи и воено не му се
дозволува и по цена на грозоморно убијство на цивили, меѓу кои жени и деца во Мариупол, Буча и другите места на Украина. Во овие лоши времиња, дел од светот и Европа изгледа дека се разбудија: се обединија околу една кауза на победа на демократијата во светски рамки и пораз на агресијата.


НАТО објави брз план на прием на Украина во нејзините редови, Европска Унија и САД со финансии и оружје ја помагаат Украина. Некои неутрални земји како Финска и Шведска, во очекување и Австрија решиле да пристапат кон европскиот и светскиот одбранбен чадор НАТО.
Водечките лидери на ЕУ изненадени од развојот на настаните и со надеж на корекција на нивната неодлучност размислувале на брз прием на Украина во ЕУ без јасна концепција како тоа да го изведуваат и за да не ги лутат земјите аспиранти за полноправно членство во ЕУ измислиле нови
форми на регионални организации како европска политичка унија која нема да ги опфати сите земји на Западен Балкан , меѓу кои и Македонија бидејќи веќе се на пат на евроинтеграции. Потоа следеше нов предлог на ЕУ за геополитичка унија која ќе опфати поширок број за земји. И се ова се
прави со цел како Западен Балкан да биде со Европа а не во Европа.
И се нудат разни решенија наместо полноправно членство: Асоцијативен статус, Европска економска област, Отворен Балкан кој во реалност функсионира како полуотворен како политичко и економско загревање околу пистата на стадионот наречен ЕУ! Западниот Балкан во овие тешки времиња живееше со своите маки: за време на КОВИД 19 Србија на Западен полубалкан му даваше бесплатни кинески вакцини, Северна Македонија се смири оти Србија го крена ембаргото на житото и зејтинот од сончоглед. Сега Македонија и продава на Албанија зејтин од сончоглед!

Во 90-тите години немавме среќа со независноста: Лисабон го памтиме по Лисабонската декларација со која ЕУ не признаваше нова држава со името Македонија. Се редеа разни блокади. И повторно минатата година во нашата меморија се појави Португалија. Овој пат со план за решавањето на меѓусоседските односи кој нашиот “братски” сосед не го прифати. Потоа прифативме стил на француско-германско помирување: средби на премиери, претседатели, комисии, овионски линии, пруги. До каде ќе стигнеме не ни е јасно.
За сите овие актуелности , теми и дилеми своите ставови и видувања имаме чест да слушаме од првиот најмлад и неискусен премиер но првата демократска независна Македонија потоа и нејзин поискусен претседател г-дин Бранко Црвенковски.
Повелете господин претседателе.
Бугарија да изјави дека македонскиот јазик не постоел пред 1944 година и дека јазикот во сите идни документи треба да биде сметан во согласност со Уставот на земјава, а од друга страна Македонија да изјави дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година – ова
како решение за јазичниот спор го предвидува португалскиот предлог до кој дојде „Кана Предлог преговарачката рамка што ја предложи Европската комисија предвидува да остане македонскиот јазик таков каков што е, ‘македонски јазик’ и предвидува унилатерална изјава на Бугарија во однос на нивната позиција. Пристапот на португалскиот предлог е македонски јазик за ЕУ со унилатерална изјава на Бугарија за нивниот став за јазикот – изјави Димитров.
Според португалскиот предлог, откако Македонија и Бугарија ќе ги достават декларациите, Европскиот совет ќе излезе со своја декларација во која во третата точка се наведува дека Советот ја забележува позицијата на Бугарија дека терминот „Македонски јазик“ треба да биде сметан во согласност со Уставот на земјава.

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy