Креирање и успешното имплементирање на надворешната регионална и меѓународна билатерална и мултилатерална политика, ЕУ и НАТО интеграциите

Програма

ЗА РАБОТАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА МЕЃУНАРОДНА ПОЛИТИКА „СОВЕТ НА АМБАСАДОРИ„

НАША МИСИЈА

„Совет на Амбасадори„ е независно, непрофитабилно здружение на амбасадори и поранешни министри за надворешни работи кое е основано со цел да помогне во креирањето и успешното имплементирање на надворешната, регионална и меѓународна билатерална и мултилатерална политика, ЕУ и НАТО интеграцции, преку поддршка и предизвикување на институците надлежни за креирање на надворешната политика да носат праведни и квалитетни одлуки засновани врз база на сестрани и квалитетни анализи.

Нашите главни принципи на дејствување се независноста, професионалноста,
транспарентноста и објективноста, Советот е независно и непартиско здружение , и нашите ставови, препораки, анализи кои се фокусираат врз креирањето на надворешната политика немаат партиска припадност туку државотворна вредност со цел зајакнување на капацитетите на институциите кои ја креираат и практикуваат надворешната политика со унапредување на билатералните политички , економски односи и културни односи со трети земји, развој на нашата дипломатска мрежа и нејзиното успешно функционирање, активно и успешно учество на нашите дипломатски претставници во мултилатералните организации и меѓународните конференции.

Советот,, преку соработка со надлежните институции и согласно на домашното законодавство и релевантните мегународни конвенции, ке ги застапува и штити интересите на поранешните дипломати и амбасадори.
Во нашето дејствување ние ќе соработуваме со државните институции надлежни за креирање и спроведување на надворешната политика со невладини организации и со слични европски и меѓународни здруженија.

Здружението „ Совет на Амбасадори„ своите цели ќе ги реализира преку:

  • Формулирање на соодветни начелно аргументирани политички ставови за разни политички збиднувања во регионот и пошироко; преку информирана дебата, независна анализа и нови идеи за политиката;
  • Организирање на јавни дебати за актуелни политички теми кои се битни за односите во регионот и светот;
  • Организирање на јавни дебати во земјата со учество на дипломати од и во
    земјата и странство за актуелни политички, економски и безбедносни теми со предлог на насоки за дејствување;
  • Доставување до институциите кои ја креираат и спроведуваат надворешната политика анализи, предлози, мислења и сугестии за начинот и можните правци за дејствување во конкретни ситуации кои ги наметнува времето и настаните во регионалната и светска политика;
  • Оддржување на јавни тематски трибини со учество на истакнати домашни и странски познавачи на меѓународните односи;
  • Оддржување на разни семинари и работилници од областа на дипломатијата и меѓународните односи;
  • Организирање на предавања и обуки за младите во областа на дипломатијата и меѓународните односи;
  • Објавување на ставови до јавноста за разни политички настани;
  • Оддржување на дијалог со странските дипломатски претставништва во земјата;
  • Учество на тв и други дебати за теми поврзани со надворешната и
    меѓународната политика;
  • Објавувањена периодични билтени;


Совет на Амбасадори го поттикнува слободното им овозможува на членовите да дискутираат во лично својство и да изразуваат и објавуваат нивни ставови кои може да не се официјални ставови на здружението . .

Скопје, 8 април 2019

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy