Совет на Амбасадори, осврнувајќи се на постигнатите резултати од Самитот на Европската Унија, смета дека, е постигнат историски чекор со доделувањето на кандидатскиот статус на Украина и Молдавија како и отворените европски перспективи за Грузија. Меѓутоа во однос на аспирациите на Западен Балкан, повторен е несупехот од изминатите години. Северна Македонија и Албанија не добија датум за преговори, Србија и Црна Гора тапкаат во место, БиХ не доби кандидатску статус додека Косово не се здоби со визната либерализација. Остануваат надежите дека она што не успеа ЕУ да го оствари преку Француското претседателство покрај големите дипломатски напори на француската , германската и дипломатијата на многу земји членки на Европската Унија, ке се реализитра за време на Чешкото претседање со Унијата.
Советот на Амбасадори го поздравува солидарниот и решителен став на лидерите на Отворен Балкан за време на Самитот Заападен БалканЕУ и ја подржува идејата за натамошно јакнење на регионалната соработка со приклучување на останатите држави од регионот. Во однос на предложената Преговарачка рамка, од страна на Франција, Совет на Амбасадори смета дека овој мултилатерален документ дава надежни основи за добивање на датумот за отпочнување на преговорите со ЕУ со следните забелешки: Билатералниот Протокол, кој инаку не е потпишан од страна на претставниците на заедничката комисија од Македонија а усвоен од страна на обранието на Бугарија , не смее да остане во заклучоците на Европскиот совет, бидејки ќе и овозможи на Бугарија, постојано да се повикува на контраверзните делови на овој документ.
Советот уште еднаш подвлекува дека историјските прашања не треба да бидат составен дел на Преговарачката рамка.
Што се однесува до најчуствителното прашање на идентитетот а тоа е јазикот, доколку Бугарија инсистира на непризнавањето на македонскиот јазик, треба јасно да се даде до знаење дека граѓаните, политичките и државните институции на нашата држава ќе ја отфрлат таквата Преговарачка рамка. Инаку според францускиот предлог јазикот на преведување на актите на Унијата е македонски , и тоа не може да биде предмет на преговори.
Советот уште еднаш подвлекува дека ирационален и нереален е предлогот на Софија, како conditio sine qua non да се условува отворањето на Уставот заради внесувањето на самоосвестените Бугари од Северна Македонија во Преамбулата на Уставот пред отпочнувањето на преговорите. Повеќе од јасно е дека во овој миг не постојат реални претпоставки за достигање на дво-третинско нозинство.
Сметаме дека ова прашање треба да се реши при завршетокот на преговорите или во некој оволен моментум.
Советот смета дека ЕУ треба да и гарантира на Македонија дека нема да ги прифаќа останатите новонастанати предлози на бугарската страна оти таквиот потег би личел на игри без граници. Совет на Амбасадори апелира до сите политички субјекти без оглед на нивната идеолошка припадност да во соработка со невладиниот сектор направаат напори на создавање на заеднички ставови во надворешната политика кога се однесува за прашања од државен интерес сè со цел земјата успешно да ги надмине пречките во нејзиниот пат кон полноправно членство во Унијата.
Скопје 26.06.2022 Извршен Одбор на СА
Je veux aussi dire que nous allons tout faire pour aider à ce que les votes nécessaires au Parlement bulgare puissent être faits car je crois que c’est la responsabilité aujourd’hui de notre Europe, de savoir être au rendez-vous de ce moment, afin que la Macédoine du Nord puisse faire le dernier pas. Elle qui a déjà tant fait, en prenant tant de risques pour que nous puissions, dans les prochains jours et prochaines semaines, réussir cette avancée là aussi, et pour l’Albanie et la Macédoine du Nord, passer une étape décisive одговараат. наивност, но некои учествуваа свесно и организирано, рече Османи, на првата прес конференција по враќањето од Брисел