Совет на Амбасадори смета дека овој чин претставува кршење на меѓународното право и е директна закана за светскиот мир
Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори„ го осудува чинот на анектирање на украинските области Доњецк, Луганск , Запорожје и Херсон од странка на Русија и бара таа да ги повлече нејзините војници од окупираните територии.
Совет на Амбасадори смета дека овој чин претставува кршење на меѓународното право и е директна закана за светскиот мир.
Совет на Амбасадори исто така ги осудува заканите на Владимир Путин за употреба на нуклеарнoто оружје и смета дека меѓународната заедница и Обединетите Нации недоволно реагираат на овие закани кои доколку се реализираат ќе можат да уништуваат дел од светската цивилизација .
Скопје, 2.10.2022 год. Извршен Одбор на СА