Креирање и успешното имплементирање на надворешната регионална и меѓународна билатерална и мултилатерална политика, ЕУ и НАТО интеграциите

Спасовски на средба со претставници од Советот на амбасадорите со седиште во Скопје

Министерот Оливер Спасовски оствари работна средба со претседателот на Советот на амбасадорите со седиште во Скопје, Мухамед Халили, и со членови на Здружението на Советот на амбасадорите.
Халили упати благодарност до министерот Спасовски за денешната средба информирајќи го за активностите на Здружението на Советот на амбасадорите, кое претставува доброволно и невладино здружение на граѓани формирано со слободно здружување на дипломатите.

Здружението помага преку советодавни и други форми на дејствување во креирање и остварување политики од областа на надворешната и меѓународна политика, вклучително НАТО и ЕУ-интеграциите на Република Северна Македонија. Тој побара од министерот Спасовски поддршка и заедничка соработка за идните проекти, кои ќе бидат предложени од нивна страна.
Спасовски ги поздрави членовите на Здружението и упати уверување за поддршка на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија поврзано со идните планови и проекти во делот на безбедноста.

ВИДИ ПОВЕЌЕ

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy