Во рамките на редовните средби и консултации со политичките личности и институции на земјата денес Совет на Амбасадори во состав Мухамед Халили, Ѓорѓи Филипов, Илјас Сабриу, Ивица Боцевски и Азиз Положани реализираше средба со поранешниот претседател на Републиката г-дин Горге Иванов. За време на средбата беа разменети мислења за политичките и економските состојби во регионот, евроинтеграцијскиот процес и уставните измени.
Заедничка констатација беше дека во Република Северна Македонија сите политички сили, интелектуалната елита, академската средина, младите , медиумите , невладините организации и граѓаните во целина треба да се обединат околу една и единствена заедничка платформа за да се забрза процесот на евроинтеграциите со цел земјата што побрзо да стане полноправна членка на Европската Унија.
Скопје, 13.12.2022
Извршен Одбот на С. А