Креирање и успешното имплементирање на надворешната регионална и меѓународна билатерална и мултилатерална политика, ЕУ и НАТО интеграциите

Став на Совет на Амбасадори за надворешната политика на Република Северна Македонија

Анализирајќи ги состојбите на надворшно политички план Совет на Амбасадори констатира дека од осамостојувањето до денес земјата се соочила со разноразни блокади и уценувања во нејзиниот пат за осамостојување и евро-атлантски интеграции. Имајќи го предвид гореизнесеното Совет на Амбасадори оценува дека е крајно време политичките партии од власта и опозицијатаво тесна соработка со научни и политички институции, да се договорат за следното: 1.Да ја креираат и усвојуваат единствената надворешна политика; 2.Процесот на преговарање , усвојување и потпишување на разни билатерални договори од национален карактер да биде транспарентен и со взаемен консензус:

3. Департизација и деполитизација на дипломатскиот сервис професионализиран согласно стандардите на ЕУ. Што се однесува до кадровската политика во дипломасткиот сервис Совет на Амбасадори уште еднаш го повторува ставот дека за жал продолжуваат наследените тенденции и практики од досегашните влади за партизација и политизација на дипломатскиот сервис наместо истиот дефинитивно се професионализира според стандардите на ЕУ, семејство на кое Македонија стреми да биде членка. Совет на Амбасадори смета дека ваквиот пристап сериозно го урива угледот на македонската дипломатија и држава во целина. Советот ја поздравува компаративната анализа на досегашното (низ децении)и сегашното практично,погрешно и негативно спроведување на одредбите од Законот за надворешни работи во областа на избор и именувања на дипломати и смета дека таквиот пристап ги демотивира и ја деградира работата на професионалните дипломати. Совет на Амбасадори е свесен дека во МНР нема доволен број на кадри од високодипломатски ранг и со големо надворешно и меѓународно искуство на претставување на земјата во земји од голем значај за државата и смета дека изборот на идни амбасадори треба да се прошири и во пошироките кругови, како поранешни амбасадори,врвни интелектуалци, професори и новинари, поранешни министри и поранешни пратеници кои се истакнати во надворешното претставување на земјата.

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy