
Совет на Амбасадори проевропскo и проатланскo здружение на граѓани смета дека во овој критичен момент на европската историја обележена со инвазијата на Русија во Украина, унапредувањето на патот на нашата држава кон ЕУ е од клучно значење за иднината, стабилноста и просперитетот на државата, регионот и пошироко на Европа.
Сoветот ги охрабрува проевропски оринетираните граѓани, невладини организации, политички партии, пратеници, новинари, интелектуалци но и оние кои од недоволната информираност поради недостапност до вистински информации емотивно реагираа на .Францускиот предлог да се соочиме сите заедно со предизвиците и храбро да зачекориме кон ЕУ.
Во минатото почнувајки од одржувањето на референдумот за независност, потоа влезот на нашата држава во ООН под референцата, преку усвојувањето на Охридскиот договор и реформите кои следеа во државата, како и усвојувањето на Преспанскиот договор нашите граѓани, напредната
интелигенција, политички партии и раководства и НВО донесоа правилни и историски одлуки со кои се трасираа нашите евро-атлански интеграции.
Совет на Амбасадори смета дека е неопходно да се прифати европскиот компромис како важен чекор кој ќе ја приближи С.Македонија кон членството во ЕУ со кој ќе биде надмината и блокадата од источниот сосед.
Свесни сме дека компромисите понекогаш се болни отстапки, свесни сме дека во дипломатските преговори никогаш не се постигнува апсолутна сатисфакција на било која страна, но најзначајно за нашите граѓани е тоа што со „Францускиот предлог“ се зацементирани и гарантитрани
македонскиот јазик и идентитет од страна на ЕУ.
Совет на Амбасадори ја потсетува јавноста дека и европската конструкција и нејзиното функционирање било и е резултат на бројни компромиси, премрежија, отстапувања и договори.
Совет на Амбасдори е убеден дека ЕУ и нејзините членки и институции ќе бидат на висината на европските критериуми и вредности и нема да дозволат наметнувања на евентуално дополнителни интерпретации на тешко постигантиот компромис со помош на ЕУ.
Наеднаш искажуваме задоволство што во овие значајни историски моменти и покрај обидите на поединци, не се дозволи да се нарушат меѓуетничките односи, ниту да се наметнат некои други сценарија или алтернативи, бидејки членството во ЕУ нема алтернативи.
Горди сме што на патот кон ЕУ граѓаните од сите етнички заедници, дејствуваат сплотени и единствени кога се во прашање европските интеграции и зачувувањето на македонскиот јазик и идентитет.
Скопје, 12 јули 2022 год. Извршен Одбор на СА