Креирање и успешното имплементирање на надворешната регионална и меѓународна билатерална и мултилатерална политика, ЕУ и НАТО интеграциите

Средба

Делегација на Совет на Амбасадори во состав Мухамед Халили, претседател, амбасадор Тихомир Илиевски и амбасадор Нано Ружин членови на Извршниот Одбор , се сретнаа со амбасадорката на Украина во Скопје Наталија Задорожњук

За време на средбата беа разменети мислења околу секојдневните настани во Украина од почетокот на руската агресија кон Украина до денешниот ден при што беше истакнато дека агресијата од ден на ден се манифестира дури и со варварски ракетни напади кон цивилното население и цивилната инфраструктура при што најмногу страделе децата, жените и недолжното население. Совет на Амбасадори ги повтори неговите одамна изречени ставови дека го поддржува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, дека ги осудува ракетните напади врз цивилното население, посебно врз децата , жените и болните лица кои се лекуваат во болници и таквите дејствија ги смета за неприфатливи за 21 век и забранети со меѓународни конвенции и бара таквите дејствија под итно дејствија да престанат.

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy