Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори” внимателно ги следи настаните во врска со основањето здруженија на граѓани со називи на имиња на историски личности со сомнителен политички, етички или морален бекграунд, а по иницијатива на групиграѓани во МК со бугарска етничка самосвест
Совет на Амбасадори смета дека правото на здружување е гарантирано со највисокиот правен акт – Уставот на Северна Македонија, Европската Конвенција за човекови права и слободи и со други домашни и меѓународни акти.