Креирање и успешното имплементирање на надворешната регионална и меѓународна билатерална и мултилатерална политика, ЕУ и НАТО интеграциите

Србија и Косово постигнале договор за личните документи.

Совет на Амбасадори со задоволство ја прими веста објавена од страна на Жозев Борел, Висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, дека Србија и Косово постигнале договор за личните документи. 

Со ово на граѓаните на двете земји им се овозможува слободно движење преку границите со лични карти издадени во двете земји.

Советот високо го цени големиот придонес што во постигнувањето на овој договор (потпишан во 2011 год) го дале специјалниот претставник на ЕУ за олеснување на преговорите меѓу двете земји Мирослав Лајчак и американскиот претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, и се надева и очекува лидерите на двете земји да го продолжат и продлабочуваат диалогот и за уште посуштествени теми сè до постигнување на конечниот договор.

Совет на амбасадори смета дека успешната имплементација на постигнатиот договор и на другите кои се веќе потпишани ќе го отвори патот на побрза европска интеграција на двете земји како и ќе придонесе за зацрстување на мирот и стабилизација на односите во регионот.


Скопје, 28.08.2022 год. Извршен Одбор на СА

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy